Билјана Мијатовиќ(30) погребана е вчера, ден откако со нож до смрт ја избодел нејзиниот невенчан сопруг Синиша Радованчев(50).
Во вечното почивалиште, несреќната жена која се породила само пред 20 дена, ја испратиле стотина пријатели и членови на семејството, со нејзината постара ќерка Марија. Лелеците на несреќното семејство кое жали по својата миленичка Билјана, одекнувале на гробиштата, а ќерката Марија неутешно ја довикувала својата мајка.
-Мама, мама, ја сакам мама, не го сакам ова – одекнувале на погребот зборовите на малата Марија (12) ќерката на Билјана од првиот брак.
Прегратките на нејзините најблиски и пристуството на другарите од одделението не можеле да ги запрат солзите кои и течеле низ образите, а нејзината болка го кршела срцето на секој кој бил на последното испраќање на Билјана.
Несреќното девојче воедно било и сведок на крвавиот чин во кој пред три дена остана без својата мајка. Тој ден Билјана го прославувала својот роденден. Малата Марија ја слушнала вревата која ја правеле нејзината мајка и очув. Излегла од собата да види што се случува. Тогаш го видела Синиша како во раката држи нож. Синиша кога ја видел и извикал: Оди во соба прво тебе да не те заколам – раскажал извор запознаен со случувањата од тој ден.
Исплашеното девојче отрчало во собата и кога ја затворило вратата чуло врисок.
-Марија раскажала дека веднаш знаела дека Синиша ја убил нејзината мајка. Повикала полиција. Неколку минути подоцна излегла од собата и ја видела мајка и како мртва лежи на подот. Убиецот веќе бил излезен од дома.
-Девојчето раскажало дека неа и бебето, Синиша ги заклучил во станот со мртвата мајка. Со оглед на тоа дека имала резервен клуч, веднаш ја зеле сестричката и нејзините работи и излегла од станот. Детето било преплашено. Се плаши и постојано зборува дека Синиша и неа ќе ја убие кога ќе излезе до затвор – додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)