Во раскошните вили во француските Антиби на далечниот, но битен 10. октомври 2008 година е организирана дотогаш ретко видена, извонредна забава. Домаќинот се вика Сулејман Керимов, во кругот на гостите беа, меѓу другото, и моќните директори на инвестициската банка Морган Стенли.
Тоа требало да биде една од стандардните забава на богатите, но од почетокот сите знаеле дека забавата ќе личи на траума.Причината била едноставна – тој ден, 10 октомври 2008 година ќе остане запаметен како еден од најтешките датуми во историјата на берзата, вредностите на клучните индекси паднале за околу 10 проценти. Акциите на моќниот Морган Стенли се урнале за неверојатни 27 отсто.
Значи, вкупно земено ден и ситуација за очај, никому не дошло до забава. За разлика од другите, домаќинот се држел смирено, како да го засега губитокот.
– Сите се правеа како да се забавуваат, но тоа беше страшно. Во еден момент јас навистина мислев дека дечките од Морган Станли ќе си ги пресечат вените. Сите што беа на забава дента изгубиле многу, многу пари – изјави еден учесник на забавата за Financial Times во 2012 година.
Овие луѓе навистина загубија огромните пари, но нивната мака ни одблизу не била толку голема како на организаторот на забава. Керимов само тој ден загубил милијарди долари. Точно, од октомври 2008 до октомври 2009 година Сулејман Керимов загуби повеќе од 14 милијарди долари!
– Нема драма … Кога ќе се случи криза, клучот е во силната дисциплина. Малку ќе се возадржите од инвестирање, а потоа кога кризата ќе пројде, повторно продолжувате – едноставно го опишува својот рецепт Керимов, чиe богатство во 2009 година паднаlo на “само“ 3,1 милијарди долари.
Сулејман Керимов е руски олигарх, за кој многу малку се знало досега. Вечно е блиску до врвот на Форбсовата лидерите на богатите, но во медиумите речиси никогаш го немало. Првиот пат кога го скрши својот Ферари од 650.000 евра, удирајќи во дрво во центарот на Ница, а втор пат кога стана сопственик на фудбалскиот клуб Анжи од Махачкала, а за третиот пат овие денови – кога бил уапсен.
Керимов завршил во притвор во Франција поради затајување даноци. Наводно, истрагата против него се фокусирала на купување на неколку луксузни згради на француската ривиера преку фиктивни компании, што му овозможило да го одбегне данокот што го должи кон француската држава.
Неговото апсење шокирало многу луѓе, бидејќи за Керимов сметаат дека не е како другите руски олигарси. Не се однесувал арогантно и надмено, не се фалел со пари и со своите скапоцени играчки и, различно од мнумина други руски олигарси, го сметаат за вонредно паметен. Во родниот Дагестан работел како математичар и аналитичар за “ситно”, но брзо се преселил во
Москва, каде што станал економски маг. Како и сите руски олигарси, неговиот подем почнал во раните 90-ти. Максимално искористувајќи ја големата девалвација на рубљата. “Тоа беа мрачни времиња, во тој момент навистина имав чувство дека никој не владее во државата. Дека се е паднато е анархија. Анархија или не, на Керимов му тргнало. Четири години подоцна, тој имал 50 отсто удел во Внуково, една од најсилните авиокомпании во Русија. Набргу презел контрола над Fedprombank.
Експертите оцениле дека неговото влегување во политиката немало никаква врска со идеологијата, туку дека тоа било чист деловен потег. Влегол е во високо московско друштво, запознал многу други богати луѓе, меѓу другото и Сергеј Исаков, контраверзни бизнисмен, кој бил еден од менаџерите на позната програма за размена на храна за нафта со режимот на ирачкиот лидер Садам Хусеин.
Тајкунот влегол во “првата руски лига” во 2001 година кога го наследил финансиското царство на Андреј Андреев, поранешен началник на полицијата во Москва. Целиот случај заврши во суд, и работата се завршила во полза на Керимов. Највисокиот економски раст Керимов доживеал кон крајот на 2003 година кога почнал да купува акции Газпром. Му помогнале и руските банки кои му ги дале кредитите, а се верува дека и Кремљ помогнал во целата таа приказна. Дека е од групата олигарси кои ги избрал Путин да работат под негова контрола, и за себе но, и за државата.
Поради лудите забава во финансиските кругови бил познат како “Рускиот Гетсби”, а богатите гости ги забавуваа ѕвездите како Бјонсе и Ејми Вајнхаус. Меѓу гостите најчесто се јавува и најпознатата руска шпионка, Ана Чапман.
Минатиот понеделник француските власти го уапсија Керимов. Како регаираа во Москва?
– До Француските власти денес е испратена порака во која се истакнува дека Сулејман Керимов има висока службена должност во Русија и како таков ужива имунитет“, изјавил претседателот на надворешнополитичкиот комитет на Советот на Федерацијата, Константин Косаков.
Керимов бил уапсен додека заминувал од својот авион во понеделник ноќе, во Ница и веднаш бил сместен во затвор. Милијардерот има дипломатска пасош кој него користел пред апсењето, бидејќи бил на приватно патување.
Неговиот “сенаторски статус” и “фактот дека е рускиот граѓанин” е “гаранција дека ќе ги вложиме сите напори (…) за заштита на неговите правни интереси”, реагираше Кремљ Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст