| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара и Каролина облечени исто ги собраа погледите на роденден (фото)

Двете познати македонски пејачки, Каролина Гочева и Тамара Тодевска, беа поканети на роденденот на една компанија која направи голема прослава во Скопје.

По тој повод двете сега веќе г-ѓи се додераа случајно или намерно во многу сличен минималистички стајлинг од кој блескаа со својот шарм, убавина и сексапил.

На себе имаа елегантни костуми од кои го истакаа деколтето.

На Тамара секако беше побујно, но секоја со своите физички квалитети се истакна на свој начин. Фотографијата ја објавија на социјалните мрежи, односно на дискретните Инстаграм приказни кои исчезнуваат за неколку часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top