| четврток, 6 декември 2018 |

Русија со жестока реакција на доживотната пресуда за Младиќ

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека доживотната казна затвор за Ратко Младиќ е продолжување на политизираната и однапред смислена тактика на Хашкиот трибунал.

– Можеме повторно да констатираме дека изречената пресуда од Хаг во однос на Младиќ е само продолжување на политизираната и однапред смислена тактика, која од самиот почеток доминираше во работата на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија, истакна Захарова.

Преземената еднострана, антисрпска тактика од страна на Трибуналот не само не успеа да го реализира основниот принцип за казнивост за воени злосторства, туку уште еднаш го потткопа процесот за обновување на меѓусебната доверба на Балканот.

– Потсетувам дека судот во Хаг во мај оваа година одби да го прифати барањето за времено ослободување на Младиќ со цел тој да се лекува во Русија, иако руската страна достави детални гаранции, истакна портпаролката на руското МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top