| четврток, 6 декември 2018 |

Божидар Димитров: Писмото до БПЦ е напишано од епископ од Струмица

Божидар Димитров во интервју за бугарскиот портал ,,Информо’’ ги изрази своите ставови во однос на писмото испратено од МПЦ до БПЦ. Тој вели дека писмото не е испратено од МПЦ туку од неколку бугари, Милан Врабевски, Горан Благоев, академик Стефан Воденичаров и еден епископ од Струмица.

Според Димитров епископот од Струмица има пробугарски ставови и се школувал во Бугарија и поради тоа бил инспириран да го напише тоа писмо. Епископот од Струмица чие име Димитров не сакаше да го спомене е многу веројатно e Владиката Наум. Владиката Наум на јавноста и е познат како духовен татко на премиерот Заев и по своето бугарофилство.

Др. Милан Врабевски кој Димитров истотака го спомена во мај годинава заедно со претседателот Росен Плевнелиев и европратеникот Адреј Ковачев беа во Албанија каде се обидуваа да ги булгаризираат македонците од Албанија. Да се потсетиме дека само пред неколку месеци албанската држава го призна бугарското малцинство во Албанија за да се спречи блокада од Бугарија за влез на Албанија во Европската Унија.

За крај на оваа тема Димитров истакна дека доколку македонската црква сака да биде признаена и сака легитимност треба да се присоедини кон бугарската црква.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top