Претседателот на Судан, Омар Ал Башир, кој е баран од Меѓународниот криминален суд за спроведување на геноцид и воени злосторства, се наоѓа во посета на Сочи, каде бара помош од Владимир Путин против САД.
Говорејќи за време на првата посета на Русија во улога на претседател на земјата, Башир истакна дека сака да ги зајакне врските меѓу двете земји во областа на одбраната и ја пофали воената кампања на Русија во Сирија.
„Ние сонувавме за оваа посета подолго време“, рече суданскиот претседател.
„Благодарни сме и на Русија за нејзината позиција на меѓународната сцена, вклучувајќи и позицијата во однос на заштитата на Судан. Потребна ни е голема заштита од американската агресивна акција“, порача Ал Башар.
Освен тоа Суданскиот лидер изрази задоволство и од средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Неодамна започнавме програма за модернизација на вооружените сили и се договоривме со министерот за одбрана, дека Русија ќе ни помогне во таа насока“, изјави Башир.
Од своја страна, Владимир Путин изјави дека Русија има интерес од интензивирање на економските односи меѓу двете земји, особено во областа на земјоделството и енергетиката.
„Постојат можности за соработка и во енергетскиот сектор. Постојат многу можности за соработка“, рече Путин.
Посетата на Омар Ал Башир се случува еден месец откако САД кренаа ембаргото врз најсиромашната африканска земја, поради наводна поддршка на Картум за исламистички групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст