Една мајка замолила во училиштетот на својот син да не ја обработуваат бајката „Заспаната убавица“ поради, како што вели таа, непримерната порака која бајката ја испраќа.
Сара Хол тврди дека популарната бајка испраќа погрешна порака кај децата и дека тие не треба да ја читаат. Според нејзиното кажување, додека таа ја читала бајката со својот шестогодишен син Бен сфатила дека бајката го оправдува бакнувањето на жена во сон.
– Во „Заспаната убавица“ имаме класичен пример на сексуално дејство без согласност од другата страна. Дали е тоа нормално? – изјави Хол, алудирајќи на сцената во која принцот со бакнеж ја буди убавицата од длабокиот сон.
Таа се грижи дека децата ќе си помислат дека е сосема во ред да бакнат жена додека спие.
– Во денешното општество, тоа не е прикладно – мојот син има само шест години, и тој имитира се што ќе види, а не е доволно голем за да разговараме за оваа појава. Не мислам дека треба да се укине бајката. За поголемите деца е совршен повод за дискусија дали е тоа во ред или не, како се чувстувала принцезата и слично. Но, јас говорам за малите деца кои не треба да го прифатат тоа како нормално однесување – вели таа за британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.