| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-скандал за кој зборува сиот фудбалски свет

Карло Тавекио пред неколку дена поднесе оставка од функцијата претседател на Фудбалската Федерација на Италија. Како причина се посочуваше фијаското на националниот тим.

Но, италијанскиот фудбал го тресе секс-скандал откако поранешна вработена, извесна Мери, покренала тужба против Тавекио за сексуално вознемирување.

– Отидов во неговата канцеларија за да разговараме за фудбалски тим. Тој не ми дозволи ниту да прашам како е, само ме погледна и ми рече: Добро изгледаш, се гледа дека си сексуално активна. Потоа почна да ми ги допира градите. Ужасно ми беше срам, се обидов да го запрам, но за него важно беше само најпрвин да ги стави завесите за да не се гледа од надвор – открива Мери детали од сексуалниот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top