Поранешниот директор на Катастар, Славчо Трпески доби кривична пријава од Финансиската полиција, која го сомничи дека како физичко лице склучил договор за консултантски услуги и својата стручност му ја продавал на Катастарот на Србија.
Трпески испрати допис до медиумите, кој го објавуваме интегрално:
Би сакал во целост да ги демантирам наводите изнесени во денешното соопштение на финансиската полиција за поднесена кривична пријава против мене, и истите тие наводи со кои се алудира на некакво си противправно дејство од моја страна да ги оценам како неточни и невистинити.
Сакам да ја информирам јавноста дека на барање на Светска банка ми претставуваше и ми претставува особена чест да работам на проектот финансиран од истата и со моето знаење и искуство да го помогнам развојот на катастарот на Република Србија.
Со мојот ангажман како советник на катастарот на Србија не е прекршен ниту еден член од ниту еден закон, не сум ја злоупотребил својата позиција, ниту пак сум отворал патни налози или пријавувал патни трошоци за бензин ниту пак сум користел службени возила или подигнувал дневници во функција на овој мој советнички ангажман. Најголемиот дел од мојот ангажман го вршев од Република Македонија користејќи ги модерните алатки за комуникација, додека за одењето во Република Србија исклучително се користеа неработни денови или денови од годишниот одмор, а сите трошоци се подмируваа од страна на банката за што постојат докази.
Од сето ова произлегува дека оваа кривична пријава е неоснована и претставува класична политичка хајка против мене заради моите активности со кои се спротивставувам на штетните политики кои ги спроведува актуелната власт.
Дека се работи за политичка хајка доволно е само да Ве информирам дека денес од вас медиумите дознав за оваа кривична пријава, односно воопшто во изминатиов период финансиската полиција од мене не побара никакви изјави, појаснувања, документација или појаснувања за предметот кој го воделе. Исто така би сакал да посочам дека советнички и консултатнстки ангажмани имаат и голем број на лица од сите општетствени дејности, меѓу кои и судии, обвинители и државни службеници кои даваат консултантски услуги во земјата и странство со што секако не прават кривични дела бидејќи истото е со закон дозволено.
Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар. Во ситуација кога актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Изборниот Законик за време на избори ги промени сите 30 директори на подрачни одделенија на катастарот како и сите државни службеници кои во изминативе 10 години ги донесоа реформите во катастарот, во ситуација кога истиот Борис Тунџев е актуелен в.д директор на катастарот и истовремено сопственик на приватна геодетска фирма, а неговата сопруга е управител на истата спротивно на Законот за судир на интереси и многу други закони, во ситуација кога се најави зголемување на цените на услугите кои ги даваат приватните геодетски фирми и кои цени претстојниов викенд во Струмица треба да бидат детализираат, СДСМ одлучи да прави политички прогон против лица докажани во својата струка и барани од светски меѓународни организации без ниту еден доказ се со цел да се оттргне вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата.
Со оглед дека со оваа кривична пријава неосновано се нарушува мојата чест и углед, ќе следуваат поднесување на кривични пријави за сите инволвирани лица, а за оваа политичка хајка ќе бидат запознати и сите меѓународни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст