| четврток, 6 декември 2018 |

Вашето тело го препознава „вистинскиот“, дури и кога самите не сте сигурни

Запознавате некој нов и чувствувате дека целиот свет запрел. Дали за таа неверојатна хемија е одговорен сјајот во очите, смислата за хумор, неговата насмевка или пак, атлетското тело…? Една од вистинските тајни за таква неверојатна привлечност е нешто што воопшто не е „секси“. Судејќи според една студија, објавена во журналот „Natureво прашање се нашите гени. Сите луѓе имаат свој единствен леукоцит – антиген комплекс, кој помага на имуниот систем да прави разлика меѓу сопствените клетки и непосакуваните вируси. Но, овој комплекс има и мошне важна улога кога е во прашање привлечноста меѓу луѓето.

Истражувачите откриле дека партнерот со различен комплекс од вашиот ќе предизвика поголема сексуалната привлечност и желба за размножување со таа личност. Ова значи дека нашите гени одредуваат колку нашето тело „сака“ да бидеме со некого. Се чини дека сепак спротивностите се привлекуваат. Од еволутивна страна ова е исклучително корисно за опстанок на видот, бидејќи се знае дека мешањето на различни генетски структури носи здраво и право потомство.

А, како тие сигнали од микроскопскиот свет да дојдат до нашата свест? Експерименталните групи на луѓе биле единствени во изјавите дека дел од испитаниците, кај нив предизвикале посебна сензација во целото тело, како и карактеристичен мирис, мошне попријатен од останатите. Токму тие биле оние со различен леукоцит-антиген комплекс од нивниот.

 

извор: hybread.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top