| четврток, 6 декември 2018 |

Хашкиот трибунал ќе ја соопшти пресудата за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска ќе ја објави првостепената пресуда за некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ по обвинението за геноцид над муслиманите и за други воени злосторства.

Судскиот совет, предводен од судијата Алфонсо Орије ја донесе пресуда, по 3,5 години судење и уште една година разгледување на случајот од страна на Советот на Хашкиот трибунал.

Хашкото Обвинителство во завршното обраќање во декември 2016 годијна побара од Судскиот совет да го осуди Младиќ на доживотен затвор, нагласувајќи оти покуса казна би била „навреда за жртвите, живи или починати, и навреда за правдата“, додека одбраната бара ослободителна пресуда.

Судењето на генералот Младиќ почна во мај 2012 година, а заврши на 15 декември 2016 година. Тој беше уапсен во мај 2011 година во околината на Лазаревац, по 12 години криење и екстрадиран во Хаг.

Хашкото обвинителство на 25 јули 1995 година до Трибуналот го поднесе првото обвинение против Ратко Младиќ, заедно со тоа против политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

epa05227956 (FILE) A file picture dated 05 August 1993 shows Bosnian Serb leader Radovan Karadzic (R) listening to Bosnian Serb Commander Ratko Mladic during a meeting in Pale, Bosnia & Herzegovina. The United Nations International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia (ICTY) is scheduled for 24 March 2016 to announce a verdict on former Bosnian-Serbs leader Radovan Karadzic who is indicted for genocide, crimes against humanity, and war crimes. Karadzic is considered the main responsible for the Srebrenica massacre of July 1995. EPA/STRINGER PLEASE REFER TO THIS ADVISORY NOTICE (epa04766937) FOR FULL PACKAGE TEXT

Обвинението повеќе пати е проширувано, а завршено е во 2002 година. Бидејќи Младиќ и Караџиќ се уапсени во период од три години нивните судски процеси се раздвоени и им се судеше во одвоени постапки. Караџиќ во март 2016 година беше осуден на 40 години затвор и чека правосилна одлука од Трибуналот во притвор во Шевенинген.

Како врховен командант на силите на Србите во Босна и Херцеговина, Младиќ е обвинет за планирање, поттикнување и издавање наредби за сите злосторства што неговите потчинети ги извршија.

Според хашкото обвинение од 8 ноември 2002 година Младиќ се товари за геноцид, прогони, истребување и убиства, депортации и нечовечко однесување, тероризирање на цивили, сурово однесување, напади врз цивили и киднапирање на лица од мировната мисија на Обединети нации.

Според обвиненито, под команда на Младиќ биле убиени околу 7.000 муслимански заробеници на подрачјето на Сребреница. Тој се товари и за гранатирање на Сараево, како и за логорите Омарска, Кератерм, Бањица и Трнопоље. Младиќ е обвинети и за еден случај на геноцид, седум случаи за соучество во геноцид и шест случаи на кршење на законите и обичаите на војната, вклучително убиства, спроведување на терор над цивили и земање заложници.

Младиќ за време на судењето негираше вина, а неговиот адвокатски тим се обиде да ги оспори наводите на Обвинителството и исказите на сведоците.

Владата на Србија на барање на адвокатите на Младиќ даде гаранции за негово привремено ослободување од притворот на Хашкиот трибубал поради лекување, но Трибуналот се уште нема одговорено.

Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија по 24 години од формирањето ќе престане со работа на 30 ноември, додека постапките по жалбите, ревизиите и извршувањето на казни во негово име во иднина ќе го врши Механизмот за кривични судиви со седиште во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top