| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров фаворит за десен бек на годината, номинирани и четири ракометари на Вардар

Кирил Лазаров и оваа година е номиниран за најдобар десен бек во светот, во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен веб медиум „Планет хендбол“. Капитенот на нашата репрезентација минува уште една импресивна година и е фаворит за освојување на признанието.

Конкуренти на Лазаров му се Алекс Душебаев, кој до јуни настапуваше за Вардар и стана европски првак, Недим Ремили и Ласло Наџи. Лазаров во годината којашто изминува беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција во јануари годинава, а како прв стрелец ги заврши и европските квалификации за Европското првенство во Хрватска.

Десниот бек ја освои „Асобал“ лигата, Купот на Кралот, Асобал купот и Асобал суперкупот, а со Барселона играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите за подоцна да го освои четвртото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top