| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Законот за јазиците не е приоритет, приоритетите треба да се дефинираат според националните интереси

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, вчера од заедничката пресконференција со премиерот Зоран Заев, истакна дека законот за јазиците кој го предлага СДСМ, а со кој се предвидува двојазичност на цела територија на Република Македонија, не е приоритет и дека приоритетите на владата треба да се дефинираат според националните интереси.

– Мислам дека ова е многу разумно барање, но како што кажав и во билатералните денешни разговори и минатиот пат кога бев, мислам дека властите треба да направат приоритети. Да ги определат ако приоритетни оние области, каде што ќе добијат позитивни оценки според постигнувањата, ако се усвои законот за јазик во следните неколку недели, врз основа на препораките неформално од Венецијанската комисија, тогаш е во ред, меѓутоа она што е сега важно е да владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на условите кои што се релевантни за добивањето препорака.

Законот за јазик не е дел од она што е договорено во овој конетекст, но уште еднаш ќе кажам, во Брисел ние се залагаме за тоа, но она што е сега важно да се работи на она што итно треба да се сработи, ако може да се исполни и тоа во ред, но ако треба да се дефинираат приоритетите тогаш приоритетите треба да се дефинираат според националните интереси, изјави Комесарот Хан.

Кажаното од Хан покажува дека политиките на владата за ставање на законот за јазици за дел од националната законска стратегија за интеграција во ЕУ не се по барање на ЕУ, туку се на своја рака превземени од Зоран Заев.

-Мислам дека Собранието ќе најде начин да се донесат овие реформи. Тоа што сакаме да го направиме е да ги поделиме реформите за интеграција и да ги ставиме на надетничко и надпартиско ниво. Да се договориме влада-опозиција, а и албанската со македонската заедница за прашања околу интеграциите и реформите да се постигне консензус и да бидеме едногласни. Ќе може да дебатираме за други теми во Собранието, ќе може да се блокираме меѓу себе за други закони, но не и за прашања околу интеграциите“, изјави Османи на 26 јули оваа година во врска со Законот за јазиците, кој владата го претстави како нужен за интеграцијата во ЕУ.

Изјавата на Хан е најголем доказ дека Законот за јазиците не е реформа потребна за ЕУ, туку обврска превземена од Тиранската платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top