| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Путин-Асад: Наскоро завршува тероризмот во Сирија, државата се враќа на старите патеки

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со неговиот сириски колега Башар ал Асад во Сочи .

Претседателот на блискоисточната Република истакна дека благодарение на интервенцијата на Русија, Сирија е спасена како држава. Според него, операцијата на руската авијација во земјата дозволила политичко решавање на кризата во земјата.

„За овој период се постигнати големи успеси, како на бојното поле, така и на политички план. Многу области на Сирија се ослободени од терористите и во нив започнаа да се враќаат Сиријците, кои претходно беа принудени да ги напуштат своите домови”, изјави Асад.

Путин изрази надеж дека наскоро ќе биде ставен конечен крај на борбата против тероризмот во Сирија. Тој истакна дека најважна задача за Сирија е преземање чекори за политичко решение на кризата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top