| четврток, 6 декември 2018 |

Пророштво на рускиот патријарх: „Се ближи крајот на човештвото“

Мора некој да биде слеп, па да не забележи дека се ближат страшни моменти во историјата запишана во Книгата Откровение, предупреди рускиот Патријарх Кирил, повикувајќи ги политичарите и граѓаните да се обединат.

Во својот говор Патријархот Кирил порача дека претставници на модерната руска интелегенција ги повторуваат грешките воведувајќи ги земјите во катастрофални револуционерни настани, како и нивните претходници од почетокот на 20 век.

Според него, од постапките на сите луѓе зависи кога ќе дојде крајот и повика луѓето да сфатат каква одговорност имаат пред човештовото.

Патријархот Кирил предупреди дека човештвото влегува во критичен период и дека му се ближи крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top