Премиерот Зоран Заев вечерва отиде во посета на Белград, каде што утре се очекува официјално да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ со која вечерва оствари неофицијална средба преку заедничка вечера.
На аеродромот „Никола Тесла“, македонскиот премиер беше пречекан од српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ.
Поповиќ е српскиот министер чие што име се споменува во „Рајските документи“. Според документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст