По јавното тврдење на премиерот Зоран Заев дека македонските револуционери Гоце Делчев и Јане Сандански се бугари и прифаќањето на договорот со Бугарија, вчера нов шок ја потресе македонската јавност, откако во Бугарските медиуми беше објавено писмо од Македонската Православна Црква до Бугарската Православна Црква во кое МПЦ бара од БПЦ таа да стане нејзина црква-мајка.
Први ваквото барање го најавија игуменот Партениј и владиката струмички Наум, а на девети месецов со писмо од МПЦ до БПЦ беше побарано бугарската црква да биде црква мајка на македонската.
Во најмала рака од познавачите на црковните прилики коментираат дека ова е скандалозно, затоа што нема никаква историска поврзаност помеѓу МПЦ и БПЦ, освен во Втората Светска Војна кога бугарската црква насилно ги зема епархиите во Македонија со помош на Бугарскиот Фашистички Окупатор.
Владиците на МПЦ често говорат дека токму Охридската Архиеписткопија е црква мајка на сите цркви на балканот, затоа што таа настанала од Јустинијана Прима, која во времето на настанување била единствена помесна црква покрај Римската и Цариградската.
Истото може да се види и на официјалниот веб сајт на МПЦ, каде црквата тврди дека е наследник на Јустинијана Прима.
-За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот – Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград. – пишува на сајтот на МПЦ.
„Република“ се обиде да стапи во контакт со четворица владици на МПЦ за коментар околу ваквото ретерирање во ставовите. Историските позиции наеднаш се сменија, иако истите беа главен аргумент во спорот со СПЦ кој трае од 1967 година. Дека ова е само авантура на МПЦ која трајно ќе се одрази кон македонскиот идентитет и позиции а нема да придонесе кон признавање на црквата од страна на другите православни цркви, потврдуваат и изјавите на аналитичарите.
-Писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (ОА) го испратил до Бугарската православна црква (БПЦ) во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, е обид да се дојде до автокефалност, на поинаков начин отколку што се праваше досега, смета верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски.
МПЦ, потсетува Ѓорѓевски, досега преговараше со СПЦ бидејќи ставот на сите православни цркви беше дека ние мора да преговараме со нив за да се реши тој црковен спор во кој СПЦ ни нудеше само автономија во нејзиниот состав, а ние сакавме да имаме полна автокефалност.
Владиката Наум во изјава за БТВ потврди дека МПЦ-ОА го испратила писмото. Оцени дека афтокефалноста досега не била признаена поради политички причини.
БПЦ да стане мајка на МПЦ е идеја на бугарска партија
Писмото предизвика внимание и во соседната земја. Тамошниот познавач на црковните прашања, Милан Врабевски во изјава за Националниот сервис на Бугарија рече поглаварот г.г. Стефан во октомври бил во Софија и разговарал со бугарските архиереи.
-Дојдоа овде на моја, и на покана на светиот синод и уште тогаш се очекуваше да потпишат една верзија на писмото. Тогаш разбрав дека нашите архиереи се откажале бидејќи им требало време да размислат. Мислам дека нема Бугарин кој би се противел Бугарската црква да биде мајка на Македонската“, изјави Милан Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарско сеќавање“.
Што се променило и зошто одеднаш МПЦ го промени ставот и започна да и се додворува на Бугарската егзархија?
Писмото со кое МПЦ – ОА од бугарската православна црква бара да стане црква мајка на Македонскта православна црква е всушност оргинална идеја на една бугарска партија.
Писмото со кое МПЦ – ОА од бугарската православна црква бара да стане црква мајка на Македонскта православна црква е оргинална идеја на една бугарска партија. Писмото со кое светиот синод на МПЦ – ОА од своите бугарски колеги бараат да ги признае како свештеници на црква ќерка за прв пат го дал претседателот на бугарската партија Преродба Костадин Костадинов. Оваа партија која е маргинална сила во бугарската политика смета дека со признавање на МПЦ – ОА бугарската патријашија може да исправи историска неправда од втората светска војна во која Македонија немала конфликт со Бугарија туку со Србија. Иницијативата на Костадинов во август е предадена до Светиот синод на БПЦ кој што јавно не дал свој став по што веројатно дошло до координација меѓу двете цркви за на крајот македонските владици јавно да ја спроведат идејата на бугарската партија.
Со договорот со Бугарија, Македонија ќе менува учебниците и ќе ги прилагодува на бугарската историја. Сега следува поистоветување на македонската црква со бугарската. Се поставува прашањето – Дали е ова планска акција за бугаризација на македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст