| четврток, 6 декември 2018 |

Детската руска претстава „Маша и Медо“ повторно во Скопје

На 16 декември 2017 година со почеток во 17 часот, во Вип Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи детската руска претстава „Маша и Медо“, направена по истоимениот цртан филм, соопшти организаторот „Прагма продукција“.

За таа цел сцената во „Борис Трајковски“ ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за претставата, која ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Лани претставата гостуваше во Македонскиот народен театар и имаше пет изведби.

Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.

Влезннииците ќе бидат пуштени во продажба од среда, 22 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top