Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Или-Или“ денеска ( 20 ноември), во 12 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје, организираат книжевна средба со славниот француски писател Давид Фоенкинос.
Авторот, којшто во 2014 година ја доби престижната книжевна награда Ренодо 2014 за романот „Шарлота“, ќе биде присутен на настанот заедно со Стефан Фоенкинос, режисер и сценарист.
За време на книжевната средба, ќе биде промовиран и преводот на македонски јазик на романот „Деликатност“, во издание на „Или-Или“. За настанот е обезбеден и консекутивен превод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.