Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје најавува дека денеска излегува од печат и третата книга на најпопуларната мотивациска авторка на Балканот, Ана Бучевиќ – Што (не) е љубов. Книгата во превод на македонски јазик од денеска ќе биде достапна во продажба во книжарниците на „Антолог“ во Центар и во Дебар Маало и во електронската книжарница на antolog.mk.
Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, вибрациски се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее. Ако веќе сакаме да ја дефинираме, таа дефиниција нека биде опишана со емоции – љубов е чувството кога ќе стигнеш дома…
За љубовта не треба дефиниција, но за сето она околу неа и за она што се однесува на неа треба. Токму поради недефинирањето на животните сегменти во кои се изразува љубовта, доаѓа до тоа луѓето сешто да нарекуваат љубов. Со оваа книга авторката Ана Бучевиќ сака да им помогне на своите читатели да дојдат до сопствените дефиниции поврзани со љубовта. Да се живее животот значи да се живее она што навистина сме.
„За љубовта не треба дефиниција, љубовта е дефиниција“, вели Ана Бучевиќ. Оваа книга ќе ви помогне да ги зголемите самодовербата и самопочитта и да ги подобрите односите со своите сакани и блиски: партнерот, семејството, пријателите, колегите…
„Кога се трудите да се сакате себеси, давате отпор. Вибрирате дека не се сакате. Вашиот фокус е токму на тоа дека не се сакате себеси. Зашто, кога се сакате себеси и навистина знаете кои сте, не е потребен никаков труд. Едноставно се сакате себеси. Ако во моментов сте во фаза кога не се сакате себеси, а сте чуле или сте прочитале дека е потребно тоа, тогаш уште посвесни сте дека не се сакате. Многу е важно да го разберете ова. Љубовта не може да се постигне сосила. А особено не љубовта кон себе“ – се дел од пораките што ги пренесува книгата.
Ана Бучевиќ е родена во 1978 година во Сплит. Мајка е на дванаесетгодишната Ани и на двегодишниот Лукас. Во 2003 година дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Сплит, Хрватска, а по занимање е професор по кинезиологија. Свесна дека да се биде професор значи да се биде и воспитувач, а и свесна за важноста на емоционалната интелигенција за среќен и успешен живот, во 2009 година се насочила на развојот на тој вид интелигенција кај децата и истата година започнала соработка со приватно основно училиште, како и со Центарот за личен развој, во кој го почнува проектот „Сафари на духот“, одобрен од Министерството за образование, наука и спорт на Република Хрватска. Две години работела како уредничка и водителка на едукативната телевизиска емисија „Сафари на духот“ на регионалната телевизија. Пишувала колумни за неколку хрватски портали.
Во 2011 година ја објавила Сафари на духот, која воедно е и најпродаваната книга за воспитувањето во Хрватска. Во 2012 година почнала активно да работи како мотивациски говорник со цел да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, т.е. да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе, кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.
Во 2015 година jа издала својата втора книга, Во вортексот на остварените желби, која исто така стана бестселер. Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата „BigU“, меѓународна едукациска онлајн-платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Во 2017 година jа издала својата трета книга, Што (не) е љубов.
Ана Бучевиќ е активна и на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст