| четврток, 6 декември 2018 |

Прославата на Комитите кулминираше на арената „Филип Втори“ (видео) (галерија)

Навивачката група „Комити“ по повод прославата на 30 години од постоењето неколку дена на различни начини го одбележува јубилејот.

 

Најверните навивачи на Вардар уште во петокот започнаа со одбележувањето на големиот јубилеј, а продолжи вчера со ракометниот меч меѓу Вардар и Рајн Некар, а кулминацијата требаше се случи денеска на арената „Филип Втори“.

Во јуни 1987 година на дерби натпреварот од југословенската лига помеѓу Вардар и Црвена звезда за прв пат се појави транспарентот „Комити“.  Група навивачи се собраа под тоа име да ги бранат црвено-црните бои. Од тогаш па до денес, Вардар и „Комити“ се едно.
Навивачката група на денешниот натпревар против Пелистер кој почна во 18 часот, прослави 30 години од своето постоење. На западната трибина од „Филип Втори“ арената беше најавен досега невиден пиротехнички спектакл, кој навистина се реализираше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top