Тој е еден од најинтелигентните и најбогатите луѓе на светот, но и тој е само маж кој страда по жената на својот живот.
Елон Маск ја отворил душата во интервјуто за магазинот „Ролинг стоун“ и проговорил за раскинувањето со Амбер Херд, која била фатална не само за него, туку и за најголемиот заводник во Холивуд, Џони Деп.
Колку му значи Амбер докажува изјавата на Маск од 2010 година дека „побрзо би си забил вилушка во раката отколку некогаш да пишува за приватниот живот“. Сега директорот на „Тесла“ и „Спејс-Икс“ сепак признал дека му е тешко да запознава нови луѓе, а особено му е тешко да најде некој со кој ќе биде во долга врска и кого ќе го смета за своја сродна душа. Дури го прашал авторот на интервјуто Нејл Штраус дали тој знае некој со кого би можел тоа да го оствари.
– Ако не сум вљубен, ако не сум во долга врска, не сум среќен. Никогаш нема да бидам среќен без некого. Одењето во празен кревет ме убива. Не дека не знам како е тоа, сам сум во таа празна куќа додека моите чекори одекнуваат по ходникот, никој не е со мене, никој не е таа перница покрај мене. Да му се сневиди. Како да бидам среќен во таква ситуација? – очајно рекол Маск.
Не се срамувал ниту да признае дека раскинувањето со Амбер тешко му паднало. Прекинале поради пренатрупаните распореди.
– Таа прекина повеќе со мене отколку јас со неа, мислам. Бев навистина вљубен, навистина ме болеше – рекол и додал дека со недели по раскинувањето бил очаен.
Се чини дека Амбер го прочитала тоа интервју, бидејќи пред неколку дена фотографите ги снимиле како заедно појадуваат во Шерман Оакс. По појадокот заминале во иста насока, а Маск во раката го носел магазинот „ЏејКју“ со Амбер на насловната страна.
За жал, осаменоста го следи целиот живот Маск.
– Кога бев дете, реков дека никогаш не сакам да бидам сам – признал.
Својата прва сопруга Џастин Вилсон ја запознал на Универзитетот во Онтарио, кога ја поканил на сладолед. Таа го одбила бидејќи морала да учи, но тој дошол на нејзината врата со два полурастопени сладоледи. Иако се префрлил на друг факултет, продолжил да и праќа рози.
Повторно се споиле кога тој почнал да работи на својот прв старт-ап, а таа на својот прв роман. Се венчале во 2000 година, се преселиле во Лос Анџелес, а заедно имаат пет сина, близнаци и тројки.
Се развеле во 2008 година, после што почнал да излегува со актерката Талула Рајли. Се оженил со неа по две години, а потоа две години подоцна се развеле.
„Тоа беа четири прекрасни години. Ќе те сакам засекогаш. Ќе усреќиш некој еден ден“, напишал тогаш на Твитер.
Се испоставило дека сепак, не можеле еден без друг па една година подоцна пак се венчале. Уште една година подоцна бракот пак пукнал.
– И понатаму се гледаме и се грижиме еден за друг – рекла Рајли во истото интервју за „Ролинг стоун“.
Маск ја запознал Амбер минатата година, а јасно како една од најубавите жени на светот го освоила ексцентричниот богаташ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст