Се гласа закон за двојазичност, со што останува уште Заев како што вети во Швајцарија, Македонија да ја подели на кантони, а зборот си е збор, па државата и официјално да биде поделена на два или повеќе дела. Како црешка на тортата во очекување сме да слушнеме како ќе не крсти кумот, како Северњаци или како Вардарци , па така очајни и исфрустрирани, а историски и духовно освестени, биде прашање на време кога ќе сватиме дека принципот еден народ две држави не функционира!
Сојузот на албански наставници во Македонија бара државна комисија која ќе ја промени содржината на учебниците по историја.
Претседателот на Сојузот Нухи Дардишта, во изјава за медиуми на албански јазик бара промени во учебниците по историја. Неговата организација бара нови стратегии, програми и нови книги затоа што актуелните биле застарени.
„Апелирам од февруари – март да се формира комисија која добро ќе ги провери тие програми и да се дефинира новата стратегија. На учебниците од кои што сега учат учениците одамна им поминал рокот“, вели Дардишта.
Според Дардишта наставниците Албанци во Македонија барале Министерството за образование да се консултира за учебниците со граѓанското општество, „а не со истите луѓе од комисиите по министерствата кои не се менуваат“.
По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, комисии за ревизија на историјата и учебниците беа најавени и од Софија и од Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст