| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Ќе предложиме резолуција за геноцидот направен врз Албанците пред 104 години

Посмртни останки на албански жртви од масакри од 1913 година, па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во гробници денеска беа погребани во Зајас, Кичево.

Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз Албанци организира пренесување посмртни останки на жртви на геноцидот врз Албанци во Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ во Зајас.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидеќи, наведе, и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој бидеќи нема да бараме надомест бидејќи нивните животи не можат со ништо да се надоместат, рече меѓудругото Ахмети.

Краток говор одржа и вицепремиерот Хазби Лика кој истакна дека со почитувањето на овие жртви се порачува да не се повторат вакви злосторства.

Обраќање имаше и министерот за дијаспора во Владата на Албанија Пандели Мајко кој истакна дека „овие луѓе се убивани зато што едноставно зборуваа албански“ и се заблагодари на македонската власт што овозможи да се одбележи овој настан.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари истакна дека како општина ја поддржале иницијативата од самиот почеток бидејќи, наведе, тие луѓе го заслужуваат ова почитување. Обраќања имаа и градоначалникот на Србица, Р. Косово Беким Јашари како и поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

На настанот во Меморјалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево присуствуваа членови на владиниот кабинет од редовите на ДУИ како и пратеници од ова партија и други граѓани.

Пред извесно време во Зајас и во други места во Кичево беа откриени гробници на жртви од масакри врз Албанци од 1913 година до Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top