| четврток, 6 декември 2018 |

Временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот во западните делови со повремен локален дожд, кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од седум до 13.

Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top