Да ги тргнеме настрана процесно-правните аспекти, т.е тврдите правни правила, и да се фокусираме само на правилата на правната етика релевантни за јавни обвинител(к)и за следниве актуелни прашања, дилеми и ситуации, особено потесно поврзани со (С)ЈО- јавност :
1. Дали е дозволиво за (С)ЈО во тековни и активни случаи за кои имаат активен мандат за тешки облици на кривични дела со големи влогови од аспект на клучни индивидуални, општествени и правни вредности /права/слободи (живот, слобода, здравје, семејство, имот, презумција на невиност, владеење на правото), но и контекстуални огромни политички влогови за земјата и државата (Прибе процеси, стабилизација, реформи, евроатлански и европски интеграции) во кое (С)ЈО имаат специфична функционалност, да си снимаат „документарци„ („Трите„) во кои, меѓу другото, даваат лични, експлицитни и јасни политички искажувања и мислења за политичари (на пример, за Претседателот на РМ, па уште збиберено и со искажување лични претензии за истата функција ), политички/ граѓански процеси ( на пример, за Шарената револуција), за материјалите и лицата кои ги обработуваат (на пример, мислења и емоции што кај нив ги предизвикуваат прислушкуваните материјали и лица), како и да волонтираат други оперативни податоци во врска со работата, па дури и себеквалификации за недоволна псилохолшка зрелост ( за која се имплицира дека не е потребна за ЈО, барем не во мера како за ПРМ, за ЈО може и психички (по)инфатилни лица?!). И сето тоа не на „пресудена работа“, не по пристојна временска и историска дистанца, туку актуелно?!
2. Дали е во ред ЈО во истата таква ситуација и контекст манифестно и ептен јавно да се сликаат, фамијализираат и фратернизираат со своите „обожаватели”, малтене на индустриско ниво, вклучително и со позирање со “пајкини усни” во диско?
3. Дали правната етика за правите професии, во случајот, обвинителската професија и функција, содржи правила само во врска со и за време на вршење на работата, или се прелева и во однос на аспекти од т.н приватно време, однесување, па и облекување, слично и аналогно како што и пакетот на нивни специјални права и привилегии врзани за статусот, фунцијата и мандатот делуваат 24/7/365, сосе и во приватното време? (значи, аспекти на т.н персонификација на државата и/ли правото)?
4. Дали е дозволиво (С)ЈО , независно колку е тоа популарно и ќе ги стави „на маички“, дали можат и смеат на судиите да им се обраќаат, во формален контекст дури, со нешто од типот „не сум тука заради твоите убави очи“ и со јавни изјави „ ќе ги гонам макар на смртна постела биле/сум“ ( дотолку повеќе што правото има цел режим правила и институти во однос на здравствената состојба и болестите во сите правни контексти, во однос на сите засегнати правни субјекти и страни, па и во судењата, и во ниеден случај не смее СЈО да проектира дезинформативен и дискредитирачки впечаток дека државата и правниот поредок, сосе обвинителската функција во име на државата, се засновани на нецивилизирани, сурови и нехумани основи или на такви некои појдовни вредносни стојалишта и принципи).
Повелете, еве ги етичките правила, селектирано и контестуализирано, па расудувајте. Патем, прилично се споредбено стандардизирани и аналогни на други етички кодекси, особено европските, а некои оформени „уште од Рим,“ Со други збоорови, врз основа на векови правосудно искуство што-како за да бидат правото, правдата и правораздавањето ефективни и ефикасни, со максимално отстранување на секое сомневање во интегритетот на истите, со се што тој интегритет подразбира.
Етички кодекс на јавните обвинители на Република Македонија – селектирани одредби:
Основно начело бр. 2 – НЕПРИСТРАСНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ
– „Јавните обвинители својата должност ја извршуваат објективно,непристрасно и независно од влијанија, мислењето на јавноста и надворешните притисоци, без предрасуди, со почитување и штитење на основните човекови права утврдени со Уставот, законите и Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, со почитување на достоинството, без оглед на тоа за кое лице станува збор и без оглед на неговиот статус …
– Јавните обвинители се должни во јавноста да придонесуваат за афирмација на стручноста, чесноста, самостојноста и непристрасноста на својата функција.”
Основно начелно бр 4. ЧЕСНОСТ
„ Јавните обвинители, како предмет на постојан надзор од јавноста, слободно и доброволно ги прифаќаат ограничувањата кои им ги наметнува функцијата која ја извршуваат.“
Основно начело бр. 6: ДОСТОИНСТВО
„Јавните обвинители во рамките на работното време и надвор од истото, мора да се однесуваат така што нема да го доведат во прашање достоинството и угледот на јавното обвинителство, да се воздржуваат од извршување на активности кои би биле во судир со службените должности или би можеле да го намалат нивниот општествен углед и угледот на јавното обвинителство.Јавните обвинители се должни да внимаваат на своето однесување на јавните места и однесувањето воопшто, за да не нанесат штета на угледот на јавното обвинителсто или на јавнообвинителската функција.Во начелото на достоинство влегува и однесувањето и личниот изглед на јавните обвинители во и надвор од работното време, кое нешто ќе се регулира со посебен кодекс“.
Основно начело бр. 7, ВОЗДРЖАНОСТ
Јавните обвинители мора да се воздржуваат од давање изјави или било кои други дејствија со кои може да ја доведат во прашање или сомнение својата независност, непристрасност, лојалност и достоинство.
ЗА ОДНОСИ СО СУДОТ
Член 7: „Јавните обвинители при застапувањето пред судовите и во секојдневната комуникација со судот, должни се да го почитуваат и чуваат достоинството на судот, своето лично достоинство и достоинството на јавното обвинителство.“
ЗА ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
Член 15: Во поединечни кривични предмети, како и други случаи, јавните
обвинители ќе го изнесат своето мислење за случајот само на рочиште. Јавните обвинители или лицето кое што го овластиле за тој случај се должни на медиумите да им дадат што е можно повеќе објективна информација која во тоа време е оправдана и дозволена со оглед на стадиумот на постапката, земајќи ги при тоа во предвид сите околности на случајот, а особено правата на жртвата на кривичното дело односно оштетениот, како и на осомничениот односно обвинетиот.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст