| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на шведска музика на Есенските музички свечености

Во фоајето на Македонската опера и балет од 20 часот ќе се одржи вечер на шведска музика „Музика на кралското семејство Бернадот од Шведска“ во рамки на 18. Есенски музички свечености.

Ќе настапат сопранистките близначки од Белград Лилјана Јовановиќ и Билјана Стафансон и македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска.

Дирекцијата за култура и уметност го организира концертот во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top