Девет лица загинаа, а 19 се повредени во судар на минибус и камион на автопат во Централна Бугарија, соопшти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу настраданите е и возачот на автобусот, кој враќал група слепи луѓе од екскурзија, а некои од повредените се во критична состојба.
Несреќата се случи на автопатот од Софија до Варна.
Бугарија, со 7,1 милиони жители, е рекордер по смртност на патишта во Европската унија. Годинава на бугарските патишта загинале 535 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.