Кога станува збор за сексуалниот однос жените се многу поемотивни, а мажите постраствени. Но, без разлика на фактите, научниците докажаа дека жените многу повеќе уживаат во сексот од мажите.
Иако многу жени никогаш не доживеале оргазам за време на сексот, а просечен маж го доживува во речиси секој однос, постои нешто што припадниците на посилниот пол никогаш не би можеле да го проживеат и преживеат. Се работи за женскиот оргазам.
Научниците дојдоа до заклучокот дека силината на оргазмот за време на сексуалниот однос може да се измери со т.н. тета бранови кои ја покажуваат позитивната ментална состојба за време на односот и висината на задоволството предизвикана од еуфоријата, односно силното задоволство.
Ако тета брановите се показател за силината на оргазмот, доаѓаме до сознанието дека жените доживуваат десет пати посилно задоволство од мажите.
Машкиот мозок никако не би можел да го поднесе уживањето со тој интензитет бидејќи постои опасност од силен шок за организмот кој би можел да заврши дури и со смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.