| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот „Скопје 2014“ му го даде вистинскиот дигнитет на Скопје

Во дебатната емисија „Патот кон“ на телевизија Алсат-М, дебатирајќи за проектот „Скопје 2014“, истакнатиот архитект и професор, Вангел Божиновски, вели дека сега ние меѓу себе можеме да не се почитиваме, но ние треба да пренесеме пораки за тоа да го почитуваме градот и да се обидеме тој град да го добие вистинскиот дигнитет.

– Дигнитет значи: Во овој град низ проектот „Скопје 2014“, се влезе со споменични обележувања кои означуваат присуство на луѓе, граѓани од овде, кои кристализираат како присутни граѓани низ историјата – истакна Божиновски, професор при архитектонскиот факултет во Скопје.

Меѓу другото Божиновски исто така додаде дека, од предисторијата Скопје е на горен град, сега што до нарекуваме Кале, дека таму имаме неолитски остатоци и од тука натаму постојано во континуитет тој никогаш не бил раселуван.

– Тој можел да доживее шок од земјотрес, меѓутоа, народот не си одел. Значи станува збор за еден од најстарите градови во Европа. Атина на пример не може да се пофали со тоа, Париз не може да се пофали со тоа. Значи, зборуваме за нешто кое има многу голема вредност – рече професорот Божиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top