| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната сопруга на Берлускони му враќа 60 милиони евра од алиментација

Поранешната сопруга на некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, според одлука на судот, мора да врати 60 милиони евра алиментација, откако судот одлучи дека тие пари не и требаат.

Берлускони веќе нема да мора да плаќа 1,4 милиони евра секој месец на Вероника Ларио, мајка на нивните три деца.

Неговите адвокати рекле дека Вероника е доволно богата да може и сама да се издржува, бидејќи поседува 16 милиони евра.

Берлускони и Вероника се разведоа во 2009 година, откако тој е виден на прославата на 18 роденден на девојката Руси, која имала амбиција да стане манекенка.

Судот иницијално на Вероника и доделил алиментација од три милиони евра месечно, но износот е намален на 1,4 милиони евра. Берлускони (81) во жалбата навел дека и тоа е премногу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top