| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка уценувана со екплицитни фотографии и физички нападната

Четириесет и едногодишна скопјанка пријавила дека 32-годишниот З.П. од Скопје ја уценувал со објавување експлицитни фотографии и физички ја нападнал.

Таа претходно била во љубовна врска со уценувачот и во мај годинава одлучила да ја прекине врската. Тој почнал да ѝ се јавува на телефон и да се заканува дека, доколку не се смират, ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели.

По краток период, З.П. Ѝ испратил дел од фотографиите на нејзината ќерка на Фејсбук, како и на една нејзина пријателка.

Исто така, во мај годинава, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото. Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. Таа рекла дека З.П. ги следел неа и нејзината ќерка подолг период.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top