Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО, Роберт Псцел денеска оцени дека регионот се движи во вистинска насока бидејќи сите земји сакаат да станат членки на Европската унија.
Тој наведе дека НАТО не преферира некоја земја на сметка на друга, оценувајќи дека европските интеграции треба да им донесат корист на сите.
– За нас е особено важно што се случува на Западен Балкан во однос на прашањето за безбедноста и европските интеграции, бидејќи не може да се замисли регионот да биде надвор од главните случувања, изјави Псцел.
Според него, ЕУ е посакувана цел на сите во регионот, НАТО само за некои, но, сепак, како што рече, никој не е исклучен.
– Ние сакаме сите да имаат корист од тоа, рече Псцел и потсети дека Унијата води политика на „отворени врати“, што беше потврдено со членството на Црна Гора.
Тој истакна дека НАТО има позитивна агенда за Западен Балкан и дека нема „тајни планови и идеи“.
– НАТО сака да ги засили своите ангажирања од повеќе причини, пред се поради безбедноста во регионот, што е клучен интерес, рече Псцел, додавајќи дека се почитува политиката на секоја земја во регионот и дека тоа е нешто што се подразбира.
Посочи дека КФОР останува како некој кој е најважен во обезбедувањето на сигурноста и безбедноста на Косово и во заштита на манастирите.
Псцел смета дека треба да се реши проблемот со дезинформирање, што, според него, преовладува речиси секаде, притоа наведувајќи дека тоа не е проблем само на ЕУ, НАТО или одделни земји. Оцени дека тоа предизвикува недоверба или влијае на добрососедските односи и затоа, како што посочи, е важно да се проверуваат изворите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст