| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Вашингтон ја спонзорира „Исламска држава“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека акциите на САД во Сирија не се во склад со односите на двете сојузнички држави (Турција и САД).

Тој го обвини Вашингтон дека ја спонзорира „Исламска држава“ и дека не ја исполнил обврската дека ќе ги протера сириските Курди од регионите кои се ослободени од џихадистите.

„Тие велат дека се борат против ИД, но што всушност прават? Им даваат долари. САД постојано ги кршат нашите договори. Кога им понудивме да работиме заедно во Манбиџ и Рака ни рекоа дека ниту еден Курд нема да остане таму“, рече Ердоган.

Како што истакна, Турција не сака да биде сојузник со САД во делот на сириската граница кај Африн, кој го контролираат сириските Курди, затоа што, како што рекол, Америка не го одржа ветувањето.

Ијзвата на Ердоган следува по најавата дека Турција со Русија ќе тргне во акција во тој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top