Српската турбо фолк ѕвезда, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во интервју за една српска телевизија за прв пат откри детали од својот љубовен живот. Иако таа не зборува често за Аркан и за љубовта по него, сега си ја отвори душата и призна што и се случувало во љубовниот живот низ годините.
– Слободна жена сум и можам да бидам со кој сакам. Не е прв пат да ме спојуваат со пријатели. Ме спојувале и со човекот на кој му го крстив детето, тоа не беше човечки, рекла Цеца во интервјуто.
Таа вели дека не сака да остави впечаток на ужалена вдовица.
– Веќе 17 години по ред живеам сама и за тоа време не се обидов да засновам заеднички живот со никој. Не сакам да испаднам многу чесна во очите на народот, ниту сум дала завет на целибат. Имав неколку врски, некои траеја подолго, некои пократко. Не сакам да го експонирам својот приватен живот. Тоа е нешто резервирано само за мене. Од друга страна можев да се омажам неколку пати и со некои од тие партнери да се појавам на парастос на својот сопруг, бидејќи оној кој не е свесен дека Жељко е татко на моите деца и најмногу го сакав, не би можел ни да биде покрај мене, раскажала Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст