| четврток, 6 декември 2018 |

Овие мириси се „убијци“ на страста: Избегнете ги!

И машите и жените реагираат на мирисот слично како животните. Тој може да ги привлече или да ги одбие. Мирисот има сила да влијае на нашето расположение, да го поправи или да го расипе. Многу жени знаат како да ја разбудат желбата на мажот само со парфемот, но кои мириси имаат спротивен ефект? Овие пет мириси веројатно ќе влијаат на тоа тој да ја изгуби желбата.

1) МИРИС НА ХРАНА, ОСОБЕНО НА ЧОКОЛАДО

Сигурно сте помислиле „па чоколадо сите сакаат“! За разлика од жените, мажите обично не ја сметаат храната сензуална. Ако мирисате на колачи и на чоколадо, ќе му се отвори апетитот, но не за вас туку за колачи и за чоколадо. Избегнувајте ги купките и миризливите производи што потестуваат на мириси на храна.

2) СЛАДОК, ОВОШЕН МИРИС

Многу мажи слаткиот, овошен мирис го поврзуваат со детството и нема да им бидете секси кога така ќе мирисате. Може да мирисате вака ако сакате само да останете другари, но ако сакате нешто повеќе, избегнувајте купки, шампони и парфеми што мирисаат слатко.

3) ЦВЕТНИ МИРИСИ, КАКО МИРИС НА ЛИЛЈАН И НА МУСКАТ

Некои мажи го поврзуваат овој мирис со своите баби што голем дел од денот го поминувале работејќи во градината. Лилјанот ретко се наоѓа во парфемите, но затоа го има во миризливите свеќи и во ароматичните масла. Чувајте се подалеку од овие мириси ако сакате да го привлечете.

4) МИРИС НА БЕБЕШКА ПУДРА

Мажот не сака мирисот на жената да го потсеќа на менување пелени. Избегнувајте козметички производи што мирисаат така кога треба да се најдете со него.

5) СИЛНИ ПАРФЕМИ

И самиот нос природно реагира со кивање на јаките парфеми. Ако претерате со парфемот и ако вашиот парфем го тера на кивање, во спалната соба сигурно нема да биде онака како што сте замислиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top