Властите во Шведска донесоа одлука секој сексуален однос со животни да се казнува со парична казна или максимална затворска казна од две години. Одлуката стапува во сила по Нова година.
Шведска од следната година ќе воведе целосна забрана за бестијалност која досега се сметаше противзаконска само во случаи кога може да се докаже изживување со животните.
Од 1 јануари секој сексуален однос со животни ќе се казнува без разлика дали животните имаат повреди или знаци на мачења.
– Владата ги заострува правилата за да нема сомневање дали е забрането нанесување болка на животните. Бестијалноста е неприфатлива – изјави министерот за рурални прашања Ескил Ерландсон.
Во 2006 година, последната година од која има статистички податоци, забележани се околу 100 случаи на сурово мачење животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.