Од МВР информираат дека при претресот, одземени биле 38 пакети со по 15 куршуми калибар 7,62 мм. долго зрно (вкупно 570 куршуми), две бомби кашикари (едната со запалка, едната без запалка), пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9 мм со една рамка со два куршуми, кој го поседувал со дозвола, 195 куршуми калибар 7,62мм.
Потоа во ловџиски елек биле пронајдени 20 куршуми непознат калибар, во чанта биле пронајдени 49 куршуми непознат калибар, 17 куршуми кал. 7х56, 31 куршуми калибар 7,9мм, шест патрони од ловечка пушка калибар 16мм, 96 куршуми долго зрно непознат калибар, како и две празни рамки за пиштол марка „ЦЗ-99“ и еден карабин со снајпер (оптички нишан) марка „ТАС“ калибар 8х57мм кој го поседувал со дозвола.
Сите наведени предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. М.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст