| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникари урнале ѕид од куќа да извадат жена тешка 490 килограми

Аргентински пожарникари биле принудени да урнат ѕид од куќа на една Аргентинка тешка 490 килограми за да биде пренесена во болница на лекување.

Изабела (32) која живее во Росарија, 340 километри северно од Буенос Аирес од нејзиниот дом била пренесена на кревет прицврстена за камион на службата за цивилна одбрана.

Пред осум години, Изабела имала 130 килограми, но по смртта на татко и паднала во депресија.

– Јас сакам да се лекувам и да живеам, извика таа пред да ја пенесат во болницата во Росарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top