| четврток, 6 декември 2018 |

„Дримтим“ со “Етно Балкан” ќе го освојуваат регионот (видео)

Момците од „Дримтим“ вчеравечер го претставија проектот „Етно Балкан“. Пред присутните колеги, пријатели, претставници на медиумите беше потенцирано дека овој проект освен што ќе ги прикаже во поинакво светло пред домашната јавност има и тендеција и да го освои регионот.

Станува збор за проект кој е во фаза на реализација и кој јавноста во целост ќе го види во текот на следната година. Зад првата нумера стојат авторите С. Велков, М. Лубенов и С. Теодосиевски, а за истата во истовреме беше пуштен и спот снимен на неколку интересни локации низ целата земја.

Првата нумера од проектот „Етно балкан“ е всушност еден неверојатен микс од музички парчиња во 11/8 ритам од македонскиот фолклор, има латино-ориентален дел, потоа композиција во поживо темпо во фанк ритам, има и дел со ориентални фрагменти комбинирана со латино-шпански мелос, соло и импровизации, како и една брза разиграна двојка со звуци од тракискиот предел и композиција повторно сo елементи од македонскиот фолклор, брзи и маестрални фрази во 7/16 ритам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top