Владата денеска го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари.
Владата на денешната седница го усвои предлогот за зголемување на акцизата на дизелот. Покрај горивото кое се користи за автомобилите, за 3 денари ќе скокне и акцизата на нафтата за домаќинство која се користи за греење.
Со тоа, од почетокот на идната година акцизата на дизелот ќе се зголеми за 3 денари а заедно со ДДВ ќе чини над 3,5 денари за еден литар дизел гориво.
Според статистиката за 20 месеци, цената на дизелот е зголемена за цели 15 денари. Дополнително, од јануари со зголемувањето на акцизата со владината одлука, дизелот ќе поскапе за дополнителни 3,5 денари.
Во јануари 2016-та година, литар дизел се точеше по 39 денари на бензинските пумпи. Дваесет месеци подоцна, односно ноември 2017-та, цената на дизел горивото изнесува 54 денари, согласно цените кои во понеделникот ги објави РКЕ.
Во јануари 2016-та година Еуросупер – 95 чинеше 57 и пол денари. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 денари. Еуросупер – 98 се продаваше за 59 и пол денари за литар, додека Дизелот чинеше 39 денари за литар. Сега литар ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 54,00 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст