| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов го стави својот потпис на Законот за абортус

ivanov-presss-5

Прет­се­да­те­лот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го потпишал указот за Законот за прекин на бре­ме­ност.

– По извршените консултации на кабинетот и на претседателот, тој го потпиша ука­зот за Законот за прекин на бременост. До „Службен весник на РМ“ ги пуш­тив­ме и Законот за абортус и Законот за продажба на државно земјоделско зем­јиш­те, кои беа донесени во ист ден – објасниле за весникот „Вест“ од кабинетот на Иванов.

На 10 јуни годинава македонското Собрание го донесе по скратена постапка Законот за прекинување бременост. Опозицијата не учествуваше во расправата и на гласањето и законот помина со еден глас против од пратеникот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top