| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски: Лагите од кампањата на СДСМ излегоа на виделина

Во својот најнов пост на Фејсбук, поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ вели дека градоначалникот на Скопје наместо да се фател за работа уште пред изборите, тој ги лажел граѓаните дека има изготвено стратегија за загадувањето, за да сега лагата излезе на виделина.

-Кога зборевме за време на кампања, не продавајте само ветувања, победата ви е загарантирана, фатете се со сериозна стратегија, сега лагата излага на виделина. Градоначалникот тек допрва ќе правел стратегија за загадувањето, а збореше пред два месеци дека ја има подготвена. Е токму тој е односот што не вади од кожа, оваа несериозност, дилетантство, овие импровизациии и просто кажано, ова мафтање и лажење, стои во Фб статусот на Мицковски.

Овој Фб статус на Мицковски го поддржуваат и новинарите Огнен Јаневски и Ирена Ристиќ кој се гласни поддржувачи на СДСМ и нивната политика.

Инаку освен за загаденоста поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ овие денови го критикува и СДСМ и поради тоа што Македонија нема министер за здравство и скандалот со инсулинот кој го примале дијабетичарите а бил неквалитетен, за новиот буџет за 2018 година, задолжувањето, како и за сечењето на дрвата во Чаир и загадениот воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top