Ниту министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, ниту државниот секретар Рекс Тилерсон можат да спречат нуклеарна војна, доколку американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја започне, изјави за електронскиот весник „Политико“ поранешниот шеф на Пентагон Вилијам Пери.
Тој го предводеше американското Министерство за одбрана од 1994 до 1997 година, во време на мандатот на претседателот Бил Клинтон.
– Министерот за одбрана нема право на вето при носењето одлука за извршување нуклеарен удар. Таа одлука ја носи само Претседателот, посочи Пери.
Тој појасни дека шефот на државата може да се посоветува со министерот за одбрана, доколку сака, пред да издаде таква наредба. Но тој наредува директно преку Стратешката команда и воопшто не мора ни да знае министерот за одбрана, дополни Пери.
– За оние пет-шест минути, за време на кои се носи одлуката за нуклеарен напад, министерот за одбрана може и да не дознае за неа, или ако дознае да е веќе доцна, елеборира Пери.
Според него, во текот на последната година, нуклеарната војна станала поверојатна, „делумно поради тоа што претседател станал Трамп, а делумно и од причини кои се надвор од контрола на претседателот“. Пери оцени дека Трамп не ги сфаќа Севернокорејците, ниту ги сфаќа последиците од својата реторика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст