| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќе се борам до последен здив“ – Оливер Драгоевиќ се огласи во врска со болеста

После дијагностицирањето на карциномот, Оливер Драгоевиќ ги откажа настапите на концертот во Франкфурт, но колегите негови ги отпеаа песните како знак на поддршка за пејачот.

– Не можев да одам на лекување во Германија, докторите не ми дадоа. Ми рекоа дека тоа може да влијае на моето здравје и дека сметаат најдобро е да се лекувам во Хрватска, рекол пејачот.

Пејачот ги слуша советите од докторите, а оптимистичкиот дух му дава сила да успее во борбата против болеста.

– Како некој на кого му е дијагностицирано дека боледува од карцином, се чуствувам супер. Верувајте ми што ви го кажувам ова, бидејќи мислам дека ако успеам да се излекувам тоа е зошто имам позитивни мисли, се останатото ме води во тотален амбис, рекол пејачот.

Поддршката од семејството не изостанува во овие тешки моменти.

– Деновите ги минувам дома така што свирам и пеам. Знаете, наутро станувам, ја земам гитарата и почнувам да свирам и така по цел ден. Не ми е тешко, гледам на тоа како една врста на релаксација, откри пејачот

– Сметам дека музиката најдобро ме лекува од болеста. До душа, мене музиката ми е живот. Гледам дека ќе бидам посветен на музиката до кога ќе живеам, бидејќи сум осуден на тоа, рекол Оливер и додал дека ќе се бори до последниот момент.

– Како секој болен, така и јас ја водам борбата. Ова се оние најважни борби во кој мора некој да издржи и како победник. Многу сум позитивен бидејќи така може се да се победи, поинаку би одело тешко, рекол пејачот и објаснил дека болеста не е ништо страшно.

– Тоа е еден дел од животот со кој се носиш или престанеш. Гледајте, јас не сакам да престанам и ќе се борам до последниот атом на силата, порачал Драгоевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top