| четврток, 6 декември 2018 |

Во возило кај Неготино пронајдени деветмина Пакистанци, возачот избегал

Од МВР велат дека на регионалниот пат Неготино – с. Лакавица, во близина на место викано Полигон, полициски службеници се обиделе да запрат возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, при што возачот ја зголемил брзината на движење и побегнал. По поминати околу осум километри, возачот го запрел возилото и избегал со трчање, а во возилото биле пронајдени девет лица мигранти, државјани на Пакистан.

По консултација со јавен обвинител, двајца од мигрантите ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци – Скопје, а останатите ќе бидат вратени во Р.Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top