| четврток, 6 декември 2018 |

Зборот „tweet“ влезе во Оксфордскиот речник

Главниот уредник на „Англискиот речник на Оксфорд“,Џон Симпсон, најави дека зборот „tweet“ е додаден во речникот и како глагол, но и како именка. Генерално, потребни се минимум 10 години за зборот да биде внесен во овој речник…, пишува порталот „GSM“.

Според Симпсон, овој поим веќе премногу се употребува, односно „твитањето“ станува се повеќе популарно. Зборот „tweet“ датира уште од 1851-ва година, кога се користел за да се опише звукот што го прават птиците.

Денешната дефиниција на „твит“ гласи „да се постира одредена содржина на социјалната мрежа Twitter. Исто така, зборот означува користење на Twitter на регуларна основа.“

Она што е иронично во целата приказна е дека овој речник го вклучи зборот „retweet“ уште во 2011-та година, цели две години пред прифаќањето на „tweet“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top