Гостиварчанката Јутка И. го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево близина на гробиштата во Ново Село. Во несреќата повредени се уште четири лица., јави порталот „Денешен“.
Според информации од МВР во несреќата учествувале џип „Ландровер“ со странски регистерски ознаки управуван од страна на 73-годишниот И.Х. и „Мерцедес“ со управуван од страна на 24-годишниот Р.А.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачите на двата автомобили и уште тројца сопатници.
Од гостиварската болница сите итно биле пренесени кон скопските клиники, но гостиварката им подлегнала на повредите на пат кон болницата.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре