Откритијата во Рајските документи се морален скандал, рече грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос за време на синоќешната дебата во Парламентот за нацрт-законот за игри на среќа.
– Тоа е морален скандал за богатите да бидат изземени законски, рече тој и ги обвини претходните грчки влади дека не направиле ништо за да се справат со даночното затајување.
Цакалотос нагласи дека властите ќе мора да побараат евентуална нелегална активност, и додаде дека сепак, главниот проблем е моралниот аспект.
– За 30 или 40 години, богатите, елитата, изградија правен систем за да се ослободат од плаќање данок, рече тој.
Министерот за финансии исто така го критикуваше лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за цинизам, кога го обвини него и неговиот заменик дека „ја нападнале средната класа, но не направиле ништо за да се справат со даночните раеви
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст