Напаѓачот на Херта Берлин, Ведад Ибишевиќ, реши да стави крај на репрезентативната кариера и во иднина да не настапува за репрезентацијата на Б и Х.
– Претходно изјавив дека ако не се пласираме на Мундијалот во Русија, натпреварот против Естонија ќе биде мој последен. Мислам дека во овие години, оваа одлука е навистина добра и за мене и за репрезентацијата. Горд сум што десет години го носев репрезентативниот дрес, имаше и среќни и тажни моменти, но повеќе беа оние убавите, заврши Ибишевиќ.
33-годишниот Ибишевиќ за репрезентацијата на БиХ настапи на 82 натпревари, на кои запиша 28 гола, а во 2013 година го постигна победоносниот гол против Литванија и донесе пласман на Светското првенство во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст